Еден погрешен потег и Ѓоковиќ може да биде дисквалификуван или уапсен во Австралија

Отвореното првенство на Австралија во тенис оваа година ќе биде поразлично од сите претходни, а причина е пандемијата на корона-вирус, која влијаеше на строгите правила кои ги воведоа организаторите кога се во прашање придржување на мерките.

Познато е дека сите тенисери ќе мора да минат низ задолжителен 14-дневен карантин од доаѓањето во Австралија, потоа ќе бидат тестирани неколку пати, а ќе им биде дозволено само ограничено време надвор од хотелите и тренирање во помали групи дури по осмиот ден.

Првиот носител и најтрофеен тенисер на АО, Новак Ѓоковиќ, со Рафаел Надал и Доминик Тим ќе бидат во одвоен карантин во Аделаида, каде што правилата нема да бидат толку строги и тоа налути многу нивни колеги. Сепак, ако некој играч или член на неговиот тим ги прекршат строгите правила, ќе добијат казна. Казната може да биде парична од 19.000 долари, може да има дисквалификација на тенисерот, во екстремни случаи дури и апсење и депортација од земјата, со забрана за влез во Австралија во следните години.

- Оглас -

Најнови вести