Еден потег покажува во какво првенство дојде Роналдо да игра (Видео)

Кристијано Роналдо дебитираше во првенството на Саудиска Арабија, а неговиот тим Ал-Наср победи во дуелот против Ал-Етифак и тоа минимално со 1:0. Роналдо не беше стрелец на голот што донесе три бода за фаворитот, но Португалецот секако беше во центарот на вниманието.

Португалецот беше расположен за игра, па имаше повеќе атрактивни потези, а посебно се зборува за моментот кога Роналдо успеа буквално да го седне противникот на земја. Многумина коментираат дека токму тој потег и реакцијата на противникот покажуваат колку не е квалитетно првенството на Саудиска Арабија, посебно во споредба со некоја од Топ 5 лигите каде Роналдо играше 20 години.

- Оглас -

Најнови вести