Един Џеко нуди една сигурна „двојка“ за во обложувалница

Новиот напаѓач на Интер, Един Џеко, вели дека неговиот тим ќе стигне до победа во второто коло од италијанското првенство. Нераѕурите во првото коло стигнаа до најубедливата победа откако со 4:0 ја победија Џенова, па актуелниот шампион и сега е лидер на табелата.

Во второто коло, Интер ќе гостува кај Верона, а Џеко најавува дека треба да се знае кој е првак на Италија.

„Мораме да продолжиме со добар ритам бидејќи секој бод е важен. Против Верона нема да биде лесно, но Интер е шампион на Италија. Добро го познавам тренерот на Верона, Ди Франческо, но, сепак, ние сме Интер и сакаме пред паузата за репрезентативните настапи да заминеме со победа“, рече Џеко за мечот кој ќе се игра утре, на стадионот „Бентегоди“.

 

- Оглас -

Најнови вести