Единствениот човек во Англија што се спротивстави на инвазијата на хулиганите нема да биде казнет

Патрик Виеира нема да биде казнет за постапката по мечот во Премиерлигата меѓу Евертон и Кристал палас, а симпатизерите на фудбалот во Англија велат дека треба да се награди.

Виеира им се спротивстави на симпатизерите на Евертон, кои со инвазија на терен го славеа опстанокот, а кога ќе наидеа на поранешниот голем фудбалски ас, сега тренер на Кристал палас беа шутирани од него.

Корпулентниот тренер на гостите не им дозволи да го нападнат физички, како што тоа беше случај со Били Шарп во Нотингем и со голманот на Астон Вила, Робин Олсен кој беше удиран од навивачи на Манчестер сити кои ја славеа титулата.

Фудбалската асоцијација на Англија, ФА, објави дека ја прекинува постапката против Виеира, со што тој ќе избегне казна.

Евертон го победи Кристал палас во претпоследното коло во Прениерлигата со голем пресврт од 0:2 до 3:2 и обезбеди опстанок.

Потоа имаше инвазија на домашните навивачи на теренот на „Гудисон парк“, а камерите го фатија Виеира како шутира еден од нив.

Слични инциденти имаше во Нотингем, каде Форест го победи Шефилд јунајтед во полуфиналниот двомеч бара за пласман во Премиерлигата по изведување на пенали.

По мечот гостинскиот фудбалер на Шефилд, Шарп беше нокаутиран од домашен навивач, а слично мина и Олсен по поразот на Астон Вила на „Етихад“, кога симпатизери на шампионот Манчестер сити го удираа на патот кон соблекувалната.

- Оглас -

Најнови вести