Единствените две екипи кои немаат нерешено во Англија и Германија играат со многу голови и без калкулации

1005 Њукасл – Манчестер јунајтед (21 ч.)

Манчестер јунајтед е единствен тим без нерешен резултат во Премиер лигата, а вечерва гостува кај Њукасл, екипа која е речиси перфектна на домашен терен сезонава (шест победи во седум средби).

Ако се погледнат резултатите во последните шест кола, Манчестер јунајтед е најдобар тим во лигата со пет победи и само еден пораз, а ова ќе биде вистински предизвик за Црвените ѓаволи, оваа низа да продолжи. Ако се знае очајната форма на голманот Андре Онана и одличниот напад на Њукасл, може да се очекуваат погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.88)

 

3004 Милан – Фросиноне (20:45 ч.)

Милан дома секогаш атакува на три бода, а Фросиноне е екипа која сезонава на гостински терен освои само два бода во шест натпревари.

Росонерите мора да влезат во серија победи ако сакаат да останат во трка за врвот каде веќе заостануваат седум бодови зад Јувентус и имаат шест помалку од Интер.

Предлог тип: 1&2-4 (2.24)

 

1806 Штутгарт – Вердер (18:30 ч.)

Штутгарт е единствени тим во Бундеслигата без нерешен резултат сезонава, а денешен ривал им е екипа која е во долниот дел од табелата. Минатата сезона Вердер победи на ова гостување, што ќе биде дополнителен аларм за домаќините да бидат претпазливи.

Сезонава Штутгарт игра доста офанзивно и во просек дава речиси по три гола на меч, а прима повеќе од еден погодок на натпревар, што значи дека просекот е четири погодоци во 90+ минути игра.

Предлог тип: ГГ3+ (1.90)

 

1306 Осасуна – Реал Сосиедад (21 ч.)

Доминација на Реал Сосиедад во дуелите со Осасуна бидејќи на последните 15 официјални меѓусебни дуели има 10 победи и пет нерешени. Шансата за тимот од Памплона е дека вечерва ќе игра на свој терен, но сепак, ако се гледа традицијата, но и актуелната форма, гостите треба да се поблиску до победата.

Осасуна сезонава има само една победа во седум средби на свој терен и само шест дадени гола.

Предлог тип: Х2&0-2 (2.01)

 

1658 Антверпен – Леувен (20:45 ч.)

Антверпен дома го пречекува тимот кој има четири порази во низа. Леувен досега прими 30 гола во 15 меча (два погодоци на меч), додека Антверпен даде 30 голови, што значи во просек погодува два пати на средба.

Посебно силен е Антверпен на свој терен каде има биланс од пет победи и две нерешени и дури 20 дадени гола во седум средби.

Предлог тип: 1&2-5 (1.78)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести