Една 11-ка на Спортска прогноза и шест „стативи“ за ваучер од 500 денари

Сефадин Р. беше најуспешниот меѓу бројните прогнозери кои учествуваа во 18-тото коло на петтата сезона на Спортска прогноза која ја организираат Спорт Манија и Sport Life, па за 11-те погодоци, тој ќе добие ваучер од 500 денари.

Од 13-те парови од основната понуда, Сефадин не ги предвиде само победите на Монца кај Болоња и на Вулверхемптон против Саутхемптон. Шестмина прогнозери имаа по 10 погодоци и за малку не освоија ваучер од Sport Life.

За тримуф на Монца типуваа само 9,3 отсто од прогнозерите и тоа беше најнеочекуван резултат. Прилично големи изненадувања се покажаа и победите на Келн над Ајнтрахт, на Херта против Менхенгладбах и на Аталанта во дуелот со Лацио.

Во генералниот пласман води Кирил П. со 122 поени, пред Богољуб Ј. со 121 и Зоран Т. со 120 поени.

Паровите за следното коло ќе ги објавиме утре во стандардниот термин во 14 часот.

- Оглас -

Најнови вести