Една добра и една лоша вест за Зидан пред Ел Класико

Серхио Рамос е вклучен во составот кој ќе се соочи со Шахтар Донецк во првото коло од Лигата на шампионите. Сепак, Зинедин Зидан може да го остави капитенот на клупата со цел да го одржи здрав до Ел Класико, кое е закажано на 24 октомври.

Рамос се повреди во поразот на Кралевите од Кадис во претходното коло, поточно играше само во првото полувреме. Остатокот од средбата го проследи на трибините со ладна облога на коленото, по што влеа страв во фан-базата на Реал дека Рамос ќе го пропушти мегадербито против Барселона.

Тоа нема да се случи, но Зидан секако нема да смета на комплетниот состав за Ел Класико ниту за утрешната средба со Шахтар. Во листата на повредени играчи се додаде Мартин Одегард, кој има скршеница на десната нога и ќе паузира најмалку еден месец.

Надвор од редовите се Маријано, Азар, Одриосола и Карвахал, а од неодамна закрепнаа Асенсио, Милитао, Јовиќ, Лукас и Крос.

- Оглас -

Најнови вести