Една година од смртта на Сала, Нант подготви специјални дресови во негова чест

Денеска се навршува точно една година од падот на авионот со кој аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала патуваше од Франција во Велс за да му се придружи за клубот Кардиф, по трансферот од Нант.

Нант, клубот во кој Сала мина четири сезони и беше нивен најефикасен стрелец, во негова чест изработи дресови во кои доминираат боите на аргентинското знаме и само за една прилика, на гостувањето кај Бордо в недела, тие ќе играат во овие дресови со небесно-сина и бела боја.

- Оглас -

Најнови вести