Една година од спектакуларното финале во Катар: Денот кога Меси стана најдобриот во историјата

На денешен ден минатата година, репрезентацијата на Аргентина ја освои својата трета светска шампионска титула во историјата и прва после 1986-тата година. Аргентинците во спектакуларното финале ја совладаа Франција дури после изведувањето на пенали, откако натпреварот заврши 3-3.

За многумина тоа е денот кога Лионел Меси стана најдобриот фудбалер во историјата, бидејќи токму оваа титула беше единствената која му недостасуваше во неговата богата колекција на трофеи.

Токму Лионел Меси беше прогласен за најдобар фудбалер на првенството, најдобар стрелец беше Килијан Мбапе со осум голови, а сите останати награди ги освоија аргентинците. Енцо Фернандес беше прогласен за најдобар млад фудбалер, додека херојот на Аргентина кој го одбрани ударот на Коло Муани во последните секунди од мечот, Емилијано Мартинес беше прогласен за најдобар голман на првенството.

- Оглас -

Најнови вести