Една лоша и една добра вест за Кралевите

Фактот што Лука Модриќ се согласи да потпише нов едногодишен договор и при тоа истиот ќе биде со намалена плата, не е доволно добра вест за навивачите на Реал Мадрид, бидејќи капитенот даде различен одговор на истата понуда.

Серхио Рамос и натаму одбива да ја продолжи соработката со Кралевите, со надеж дека ќе успее да истера по свое и да добие договор на две години, наместо на една година.

Политиката на Кралскиот клуб не дозволува повеќегодишно продолжување на договорот за играчи постари од 30 години, но за Рамос треба да има исклучок, со оглед на сè што стоперот направи за клубот изминативе 15-тина години.

Во меѓувреме Рамос е слободен да преговара со други клубови бидејќи веќе е влезен во последните шест месеци од договорот со Реал, а во редот за нудење богати понуди стојат гигантите како ПСЖ, Јувентус и Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести