Една мајсторска акција на Јуве доволна за победа (Видео)

Дождливото време во Џенова не беше пречка за Јувентус да ја совлада Сампдорија со 2-0, и да дојде на два бода заостанување зад второпласираниот Интер после 19 одиграни меча.

Голот за 1-0 беше дело на Федерико Кјеза, кој круниса убава акција на Бјанконерите од Торино. Јуве даде уште еден гол, но тој погодок на Алваро Мората беше поништен поради офсајд позиција на Шпанецот. Иналки, јануари е омилениот месец на Кјеза за давање голови. Од 31 погодок во кариерата, девет му се во јануари, а сезонава од петте гола, дури четири постигна месецов.

Во 92-ра минута, во листата на стрелци се запиша и Велшанецот Арон Ремзи (негов втор гол сезонава), за потврда на победата на Старата дама.

Ова е голот на Кјеза кој се покажа како клучен:

https://twitter.com/i/status/1355567515586453508

- Оглас -

Најнови вести