Една од најдобрите тенисерки во историјата должи 7,5 милиони евра!

Легендарната тенисерка Аранча Санчес Викарио се наоѓа во големи финансиски проблеми поради кои може да заврши во затвор. Некогашната шпанска тенисерка која има освоено дури 14 гренслем-турнири, од кои четири и се во поединечна конкуренција (трипати Ролан Гарос и еднаш ОП на САД), во кариерата освои вкупно 98 титули и беше најдобра тенисерка во сингл и дубл конкуренција.

Додека беше активна на теренот, Санчес Викарио заработи 17 милиони долари, но сега е во големи финансиски проблеми. Обвинета е дека заедно со нејзиниот поранешен маж Јосеп направиле план како да избегнат плаќање долг во државната банка во Луксембург.

Тие се сомничат дека избегнале плаќање долг во износ од 7,5 милиони евра, а поради тоа им се заканува затворска казна, и тоа од четири години. Судењето започна оваа недела, а прославената тенисерка се правда велејќи дека сакала да го подмири долгот, но нејзиниот поранешен маж ѝ рекол дека сите долгови се подмирени.

„Одгледувам две деца и немам доволно пари за тоа, па ми помагаат и пријателите. Мојата финансиска состојба е многу тешка. Сè што имам заработено во животот е со макотрпна работа. Мојот најголем грев е дека се вљубив во својот сопруг. Тој ме изигра“, рекла Викарио пред Судот.

- Оглас -

Најнови вести