Една победа и магија се стори меѓу навивачите и тренерот

Поранешниот напаѓач на Евертон, Данкан Фергусон повторно е јунак на навивачите на „карамелите“ коинсе воодушевени од начинот на кој успеа да направи пресврт во тимот.

Фергусон доби шанса како привремен тренер на Евертон да го води клубот против Челзи и дебито на клупата му беше успешен. Евертон славеше со 3:1, а навивачите на клубот од Ливерпул се воодушевени од Данкан и неговите тренерски квалитети.

„Игравме како што тоа долго го очекуваме. Оставете го Данкан на клупата подолг период“, е коментарот и желбата на поголемиот дел од симпатизерите на Евертон.

Раководството на клубот се уште бара замена за Марко Силва, а следен предизвик за Фергусон е големиот дерби меч со Манчестер јунајтед на 15. декември.

- Оглас -

Најнови вести