Една реченица на Куман го „скрши“ Меси и го натера да побара заминување

Разговорот на Лионел Меси со новиот тренер на Барселона, Роналд Куман, била капката која ја прелила чашата на трпението кај најдобриот светски фудбалер, а дефинитвната одлука да побара заминување од клубот, и тоа гратис, бил телефонскиот разговор во кој Куман му рекол на Луис Суарес дека не му е потребен во екипата.

Меси и Суарес заедно имаа 827 гола и 354 асистенции во Барселона, тие се двајца од тројцата надобри стрелци во клупската историја, а каталонскиот клуб во иста година веројатно ќе остане без нив.

Куман му рекол на Меси дека сака да го има во екипата, но дека никој нема да биде привилегиран. Меси досега беше привилегиран, па затоа не му се допаднало тоа што го слушнал од тренерот. Куман преферира Барса да игра тимски, а не играта да се базира на еден човек и сите да чекаат тој да направи нешто. Меси сака да остане главен, тоа го сакаат и навивачите, но тоа не носи резултат, барем така мислат Куман и претседателот Бартомеу.

Незадоволството на Меси трае од 2017 година, кога беше продаден Нејмар, а сега само кулминираше со историскиот пораз од 2-8 од Баерн Минхен. Меси сакаше лани клубот да се обиде да го врати Нејмар, а тие парите ги потрошија на Гриезман. Потоа следуваше отпуштање на Ернесто Валверде, тренерот со кој Меси имаше супер однос. Следуваше огромното разочарување, по кое Меси помисли дека е време да си замине. Сега веќе е сигурен во тоа, само не се знае на каков начин ќе се раздели со клубот во кој испиша златни страници од историјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести