Една Шкендија ќе игра во финалето на Купот на Македонија

Пенал-серијата одлучи Шкендија Тетово да оди во полуфиналето на Купот на Македонија. Aктуелниот првак беше поуспешен во рулетот од домашната Струга Трим Лум откако во регуларните 90 минути средбата заврши 2-2.

Марјан Радески, кој од 2015 до 2020 беше член на Шкендија, даде гол за 1-0. Изедначи Бесарт Ибраими, кој две сезони играше во Струга. Потоа Хамза Меметриза со феноменален гол од слободен удар во 82-рата донесе ново водство на домашните, а Шкендија се спаси во 95-тата минута со погодок на Имран Фетаи. Во пенал-серијата само Јевтоски не даде гол, шутна преку голот.

Во полуфиналето Шкендија Тетово ќе игра со второлигашот Шкендија Арачиново. Другиот полуфинален пар е Охрид – Силекс.

Теоретски е можно првпат во историјата на македонскиот фудбал, па и пошироко, во финале да играат два тима од Втора лига.

Струга лани беше во финале, а лани ја елиминира Шкендија во полуфиналето, па ова денеска беше своевидна одмазда. Полуфиналето се игра во два меча, ќе има и реванш.

- Оглас -

Најнови вести