Една желба имаат во Црвена ѕвезда: Повторно нека се отвори небото (Видео)

Црвена ѕвезда против Баерн Минхен на „Маракана“ во Белград. Кога ќе се спомене вакво нешто, постарите љубители на фудбалот веднаш се потсетуваат на неверојатниот меч одигран во 1991 година, во полуфиналето од Купот на европските шампиони.

Црвена ѕвезда победи со 2:1 на гости во Минхен, а на реваншот во Белград гостите водеа со 2:1, кога на неколку минути пред крајот беше постигнат погодокот кој секогаш ќе го памтат навивачите на Црвена ѕвезда, а едноставно „Небото се отвори, а стадионот експлодира“.

Вечерва Црвена ѕвезда повторно во Белград го пречекува Баерн Минхен, а српскиот првак со победа може да ги задржи шансите за пласман во нокаут-фазата. Овојпат влогот не е финале, но очекувањата на домаќините се да има радост како речиси пред 30 години.

 

- Оглас -

Најнови вести