Едно е сигурно, ЛШ ќе ја освои тим во кој играл легендарниот француски играч

Николас Анелка е фудбалер кој може да се пофали дека ги носел дресовите на сите четири екипи кои се дел од полуфиналето во Лигата на шампионите. Поранешниот француски репрезентативец кариерата ја започна во дресот на Пари Сен Жермен во 1995 година и две години ги бранеше боите на Светците.

Откако три години беше во Арсенал, во 1999 година направи трансфер во Реал Мадрид. Меѓу Кралевите не се прослави и остана само една сезона, во која даде седум гола во 31 меч за мадридскиот гигант. Потоа повторно се врати во ПСЖ, каде што одигра 56 натпревари и даде 18 погодоци.

Кариерата на Анелка во дресот на Манчестер сити започна во 2002 година и таму остана три сезони. Одигра вкупно 103 средби, во кои се израдува на 45 погодоци. По авантурите во Фенербахче и Болтон, Анелка во 2007 година го облече дресот на Челзи и на „Стемфорд бриџ“ остана дури пет сезони. За лондонскиот тим одигра 184 средби и даде 59 голови.

Дведецениската кариера на Анелка заврши во 2015 година, а смени вкупно 12 клубови. Сега може да се пофали дека кој било тим да ја освоел Лигата на шампионите, тој бил дел од историјата на тој клуб.

- Оглас -

Најнови вести