Едно од најбруталните забивања во историјата на НБА-финалињата (Видео)

Милвоки бакс победи со 120:100 и намали на 2:1 во победи против Феникс санс во финалето на НБА-лигата. Домаќините доминираа речиси во текот на целиот меч, но и порај тоа, потегот на средбата го имаше еден гостински кошаркар.

Се играше третата четвртина кога Кам Џонсон доби една топка во својата половина, но беше непречен од никого. Џонсон силовито тргна кон кошот на Милвоки, а таму се најде Пи Џеј Такер, кој е „жртвата“ на едно од најдобрите забивања во историјата на НБА финалните дуели.

Четвртиот меч од НБА-финалето повторно се игра на теренот на Милвоки.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести