Едно од најголемите дербија на светот се одигра во магла (Фото)

Магла среде август, и тоа е можно ако бевте денеска во Монтевидео, каде што на легендарниот стадион „Сентенарио“ дерби играа двата најлути уругвајски ривали Насионал и Пењарол. Мечот кој е познат како едно од најголемите вечни дербија во Јужна Америка, па и светот, заврши со 1-1. Сепак, не беше мирољубиво, играњето на маглата донесе и нервоза, па имаше и црвен картон.

Интересно е што Пењарол, чиј тренер е легендата Диего Форлан, изедначи кога имаше играч помалку, а додека играа 11 против 11, Насионал беше во предност.

Можеби фудбалерите на теренот и можеа да видат што се случува, барем до одредена близина, но публиката покрај телевизорите навистина се мачеше. Фановите одвај чекаа по 140 дена пауза, пак да има фудбал во Уругвај, а не можеа многу да видат, барем не од кадрите од главната камера која беше поставена централно.

- Оглас -

Најнови вести