Каратето не го владее најдобро: Едно од најголемите промашувања на Меси (Видео)

Лионел Меси стана првиот фудбалер кој не е роден во Шпанија, а успеал да одигра 500 натпревари во најсилната фудбалска лига во оваа земја. Аргентинецот цела кариера ја поминува во Барселона, во чиј дрес има точно 750 меча, а 500 се во првенството.

Барселона против Уеска освои три бода, а Меси беше асистент на единствениот погодок на Френки де Јонг, што беше доволен за радост на гостите. Аргентинецот сезонава даде само седум гола во 15 лигашки меча, што е далеку под неговиот просек.

Дека Меси не е во голгетерска форма, се потврди и по шутот кој го имаше против Уеска. Жорди Алба нафрли една топка, која одеше директно кон Меси. Аргентинецот се обиде во „кунг-фу“ стил да ја шутне во голот, но наместо тоа, топката заврши во рекламните паноа.

На социјалните мрежи имаше коментари дека Меси се обидел во стилот на Брус Ли или Џеки Чен да погоди, но очигледно дека неговите карате удари не се доволно прецизни.

 

- Оглас -

Најнови вести