Едно прашање го налути Бејл – Капитенот на Велс си замина од прес-конференцијата

Герет Бејл си замина од прес-конференција по едно поставено прашање од новинарите, а се однесуваше на неговиот статус во репрезентацијата на Велс.

Очигледно лут и фрустриран по дебаклот на Велс против Данска и елиминацијата од ЕП со пораз од 0:4, Бејл не одговори на прашањето дали го одигра последниот меч за својата репрезентација.

Капитенот на Велшаните беше нервозен и во текот на мечот, во кој тој и неговите соиграчи беа комплетно надиграни и заслужено елиминирани во осминафиналето од подобриот ривал.

Бејл реагираше нервозно и во последните моменти од мечот кога со помош на ВАР системот се проверуваше регуларноста на последниот гол на Данците што го постигна Брајтвајт.

 

- Оглас -

Најнови вести