Едно презиме на „иќ“ помалку во Милан

Марио Манџукиќ објави дека си заминува од Милан. Искусниот хрватски напаѓач зимоска дојде во Милан од Катар, но се мачеше со физичката подготвеност, и не делуваше како некогашен вицешампион на светот, а сепак благодарен им е на Росонерите и пријателски се разделува со нив.

„Ми беше задоволство да играм за Милан. Им благодарам на раководството на клубот и стручниот штаб што ми дадоа шанса, и до моите соиграчи кои не се само одлични играчи, туку и одлична група на луѓе. Среќен сум што го вративме клубот во Лигата на шампионите. На сите во клубот им посакувам среќа во иднина“ – напиша Манџукиќ на социјалните мрежи во своето обраќање со кое го објави заминувањето.

Популарниот Манџо за Милан одигра само 11 меча и не даде ниту еден гол. Сега останува да одлучи дали ќе игра во некоја послаба лига, или можеби ќе ја заврши кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести