Едноставно е и изгледа симпатично – Барселона го претстави Жил Кунде (Видео)

Фудбалскиот клуб Барселона на интересен начин на социјалните мрежи објави дека Жил Кунде е нов играч на клубот со потпишан петгодишен договор.

Кунде има 23 години и е еден од најдобрите стопери во Европа, а досега играше само за два клуба, Бордо и Севилја и тие се спомнати во најавата на Барселона на својот нов фудбалер.

Севилја ќе добие 50 милиони евра отштета и плус 10 милиони евра во бонуси, а и за Бордо има дел од колачот и тоа 20 посто од целата сума.

Интересно е што Челзи имаше подобра понуда за Севилја за да го купи 23-годишниот стопер, но Кунде не сакаше да игра за клубот од Лондон, туку исклучиво за Барселона и на крајот победи неговата цврста волја и упорност.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести