Ефектен гол на Алиоски за Лидс против ВБА (видео)

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски го постигна вториот овосезонски погодок за Лидс во Шампионат лигата. Во дуелот против ВБА, Алиоски ги стресе гостите во 38-мата минута, па Лидс на паузата замина со минимално водство.

Од левата бековска позиција, Алиоски од втор план изгради прилика за удар по додавањето на Харисон и од прва потегна. Неговиот обид заврши во мрежата со помош на подалечниот дирек. Македонскиот репрезентативец чекаше четири меча за повторно да се радува за гол, откако заби во победата над Стоук од 3-0 кон крајот на август.

- Оглас -

Најнови вести