Ефектот од корона-вирусот – Херта му помага на Јувентус да го елиминира Лион

Во многу чудна ситуација се наоѓа офанзивецот на Лион, Лукас Тузар, а многу скапо ќе го чини договорот за позајмица што му завршува на 30 јуни.

Неговиот клуб Херта одби да му го продолжи престојот на Тузар во Лион и тој ќе мора да се врати во Берлин, што значи дека не може да игра на реванш-мечот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Јувентус.

На првиот меч против Старата дама на 26 февруари токму Тузар беше стрелец на победничкиот гол за Лион, екипа што ќе тргне со предност од 1:0 на реваншот во Торино, што би требало да се игра на 8 август.

https://www.youtube.com/watch?v=mgsAsikdryA

Офанзивецот на Херта, кој има 23 години, на почетокот на 2020 потпиша договор со клубот од Берлин, но остана во Лион како позајмен играч до крајот на сезоната.

Поради пандемијата со ковид-19 работите се изместија, а сезоната се продолжи и донесе многу проблеми токму при ваквите договори. Обично важат до 30 јуни, како во случајот на Тузар и договорот меѓу Херта и Лион, а офанзивецот ќе пропушти и шанса да освои и трофеј со францускиот клуб во кој мина пет години.

Лион треба да игра Лига-куп финале со ПСЖ, но на мечот за пехарот ќе го нема 23-годишниот играч на Херта Берлин.

 

- Оглас -

Најнови вести