Надал: Ѓоковиќ или Федерер? Тешко е да се споредат

Шпанскиот тениски великан Рафаел Надал повторно проговори за соперништвото со Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер. Тројцата одбележаа една ера на тенисот, а Надал одговори и што ги разликува Србинот и Швајцарецот, со кои ги водеше најголемите битки на теренот?

Надал ја заврши кариерата со 22 гранслем-титули, Федерер собра 20, додека Ѓоковиќ има 24 и сè уште се натпреварува на многу високо ниво. Шпанецот и Швајцарецот имаа своја доминација и соперништво сè додека Србинот не дојде и не им ги расипа плановите.

Надал уште еднаш се обиде да објасни зошто Федерер му е омилен ривал.

„Неговиот тенис беше магичен. Федерер беше чист талент. Инспирација“, рече Надал и продолжи да зборува за Ѓоковиќ:

„Секако, Ѓоковиќ исто така имаше талент, но неговата работна етика и победничкиот менталитет беа поизразени. Многу е тешко да се споредат. Двајца различни луѓе, две различни кариери, но го достигнаа врвот и совршенството по различни патишта.“

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести