Егото на Американците е преголемо, Австралија беше најдобра на СП во Фукуока, но телевизијата Ен-би-си направи табела според која САД се најдобри (Фото)

Денеска заврши Светското првенство во пливачки спортови кое се одржа во Фукуока, Јапонија, а најдобра беше Австралија и тоа не им се допадна на Американците.

Телевизијата Ен-би-си во првите пет дена од СП објавуваше табела со освоени медали како што прават сите медиуми и спортските федерации, и на првото место беше земјата со највеќе освоени златни медали.

Но, во последните два дена од СП, кога Австралија веќе имаше освоено десет златни медали, а САД само три, Ен-би-си одлучи да си прави своја табела според која САД се најдобри бидејќи имаат освоени највеќе медали вклучувајќи ги сребрата и бронзите.

Светските спортски медиуми сметаат дека причината за новата табела не е само Австралија, туку и Кина и Франција кои пред последниот од СП имаа освоено повеќе златни медали од САД во Фукуока.

На СП во Фукуока, најдобра беше Австралија со 13 златни медали, а вкупно освои 25 медали, додека САД освои само седум злата, но вкупната бројка на медали изнесува 38.

- Оглас -

Најнови вести