Олимписки егзодус на легендите – И Серена Вилијамс не игра во Токио

Серена Вилијамс го откажа настапот на Летните олимписки игри во Токио од 23. јули до 8. август, па и женскиот дел од тенискиот турнир ќе биде ослабен со отсуството на големата жива легенда.

„Да, точно е. Не сум на листата со улесници на Олимпијадата во Јапонија. Има многу причини за моето откажување, но за тоа ќе проговорам во иднина“, потврди помладата од сестрите Вилијамс.

Серена ќе полни 40 години во септември, па и годините според дел од медиумите се причина за откажувањето на четирикратната олимписка шампионка.

Вилијамс помладата има злато во сингл од Олимпијадата во Лондон во 2012 година, а на истиот турнир беше најдобра во двојки со сестра и Венус. Двете сестри имаат титули во женски двојки и на Игрите во Сиднеј во 2000 година и во Пекинг во 2008 година.

Кај мажите на тенискиот турнир нема да играат Рафаел Надал и Доминик Тим. Можно е и Роџер Федерер да се откаже, но Швајцарецот најави дека конечната одлука ќе ја донесе по настапот на Вимблдон, турнир што почнува утре.

 

- Оглас -

Најнови вести