Егзодус во францускиот првак

Лил е во фаза на егзодус по прекинот на доминацијата на ПСЖ со освоената титула во Франција. Голманот Мајк Мањан веќе си го обезбеди трансферот во Милан, од кого Данските доги ќе инкасираат 15 милиони евра, а сега и младиот играч за врска Бубакари Сумаре ќе ја наполни касата на новиот шампион.

Имено, 22-годишниот Сумаре се согласи на петгодишна соработка со Лестер, а Лисиците за неговите услуги ќе исплатат околу 25 милиони евра. Младиот француски репрезентативец сезонава запиша вкупно 43 настапи за Лил во кои забележа три асистенции и беше клучна фигура во освојувањето на титулата во Лига 1.

- Оглас -

Најнови вести