Егзотичната репрезентација има само една мисија, да даде гол во квалификациите

Квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година течат не само низ Европа, туку и низ целиот свет.Во Конкакаф зоната се игра првата фаза во која учествуваат вкупно 29 селекции, поделени во шест групи. Само победниците од сите шест групи ќе продолжат во главната фаза, по што ќе се знаат и патниците за СП 2022 во Катар.

Во првата фаза има многу егзотични селекции, а една од нив е селекцијата на островите на Туркс и Кајкос, која е на 203 место на ФИФА листата. Во првото коло, Туркс и Кајкос загуби со 0:7 од Никарагва, а во оваа група се уште и селекциите на Хаити и Белизе.

Во селекцијата на Туркс и Кајкос има само еден играч за кој може да се рече дека е познат според тоа каде настапува. Тоа е капитенот Били Форбес кој е член на Мајами во САД. Селекторот на Туркс и Кајкос, Омар Едвардс даде интересна изјава за тоа која е нивната цел.

„Момците само нека уживаат во играта. Ако ме прашате за тоа која е нашата цел, одговорот е едноставен, а тоа е дека сакаме да постигнеме барем еден гол“, вели Едвардс.

 

- Оглас -

Најнови вести