EХФ го вметна капитенот Стоилов во официјалниот состав, ќе се чека негативен тест за ковид-19 (ФОТО)

Стојанче Стоилов имаше позитивен тест пред натпреварот со Црна Гора и поради тоа мораше да замине во изолација.

Капитенот не можеше да им помогне на останатите репрезентативци во борбата со Црногорците, којашто на крајот ја загубивме.

Сепак, Европската ракометна федарација на својот официјален профил за ова ЕП го вметна нашиот капитенот во официјалниот состав. Но, реално мала е веројатноста тој да се појави денеска, а за тоа најпрвин ќе биде потребен негативен тест за ковид-19 којшто се прави неколку часа пред почетокот на средбата.

Во секој случај, и покрај тоа што за нас ова е резултатски неважен натпревар, би било убаво кога би биле засилени со капитенот.

Средбата меѓу Македонија и Данска е со почеток од 20:30 часот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести