ЕХФ има провизорен план – Опасно е за Вардар, може да биде елиминиран од ЛШ и без игра

Вардар и Пик Сегед би требало да играат на почетокот на јуни во осминафиналниот двомеч за пласман на Ф4 турнирот во Келн, но постои опасност ако ситуацијата со Коронавирусот не се смири дотогаш, македонскиот првак да испадне од трката без битка.

Во таков случај, ако епидемијата потрае, во Келн ќе играат по двете првопласирани екипи од А и Б групата, односно Кил, Веспрем, Пари Сен Жермен и Барселона без воопшто да се игра осминафинале и четвртфинале.

Сепак, засега останува посигурна варијанта дека Вардар и Пик Сегед ќе играат во Скопје на 3/4 јуни, односно во Унгарија на 6/7 јуни.

Ако Вардар успее да го мине Сегед, во четвртфиналето би играл со Веспрем или со Висла Плок на 24/25 јуни во Скопје, односно на 27/28 јуни на гостински терен.

ЕХФ има провизорен календар и за квалификациските мечеви за настап на Мундијалот во 2021 година, а Македонија би требало да ѝ биде домаќин на Франција на 1/2 јули и да гостува кај поранешниот светски првак на 4/5 јули.

- Оглас -

Најнови вести