ЕХФ направи листа од 10 најинтересни моменти, на прво место е Гедбан од Вардар (Видео)

Медијатимот на Европската ракометна федерација, ЕХФ, направи избор на десет најсмешни моменти сезонава во Лигата на шампионите и на прво место го смести голманот на Вардар, Калифа Гедбан. Гедбан го прими најсмешниот гол сезонава во ЛШ, а тој момент се случи на мечот против Брест Мешков во Скопје.

Играчот на Мешков планираше да додаде, но неговиот соиграч на пикерската позиција не ја прифати топката и таа продолжи да се движи завршувајќи во голот и изненадувајќи го Гедбан.

- Оглас -

Најнови вести