ЕХФ објасни зошто Талески беше МВП против Украина, а тоа признание не го добија Лазаров или Митревски

Капитенот Кирил Лазаров и голманот Никола Митревски блескаа на дуелот против Украина и секако се меѓу најзаслужните за победата. Сепак, покрај Лазаров и Митревски, на теренот еден од најзабележителните беше Филип Талески.

Токму Талески го добие признанието за најкорисен играч на мечот, а од ЕХФ имаа објаснување зошто е тоа така. Иако Талески не беше најефикасен на теренот и не го даде голот за победа, а ниту имаше 15 одбрани како Митревски, токму Филип е играчот од кој зависеше играта на нашиот тим.

Талески на теренот помина 55:34 минути и играше на двата краја од теренот. Во нападот даваше голови, асистираше, а во одбраната се бореше со корпулентните Украинци. Немаше одмор за Талески против Украина, па затоа и трите голови беа доволни да биде МВП на мечот кој го одигра речиси без одмор во двата правци од игралиштето.

ЕХФ направи и превид во една ситуација во првото полувреме, кога погодок што го постигна Манасков го запиша кај Талески, а по мечот, таа грешка беше корегирана, па ОФИЦИЈАЛНО е дека Талески дал три, а не четири погодоци. Едноставно динамиката на играта и неговото залагање на двата краја од теренот беа најбитен момент за Талески да е играч на мечот.

 

- Оглас -

Најнови вести