ЕХФ пресече: Македонските судии беа во право со одлуката на дуелот Франција – Шведска

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја отврди жалбата на репрезентацијата на Шведска, за спорниот гол кој го постигна Франција во последната секунда од полуфиналето. Пранди погоди со удар од далечина, а Швеѓаните се жалеа на повреда на правилата, па бараа поднесоа жалба во ЕХФ.

Од ЕХФ стигна одговор според кој одлуката на македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов донеле правилна одлука.

„По внимателна анализа на посочената ситуација, комисијата утврди дека е дискреционо право, а не и обврска на судиите да користат ВАР технологија. Таа се користи само кога арбитрите имаат сериозни сомневања околу донесување на вистинска одлука или кога нема да можат да имаат јасен преглед на некоја ситуација. Судиите и делегатот одлучуваат дали ќе користат ВАР. Одлуката да не се користи ВАР е во опсегот на правните регулативи на ЕХФ и на регулативите на Европското првенство. Затоа, одлуката на судиите не е предмет на никаков протест и таа се отфрла“, стои во соопштението на ЕХФ.

Со тој гол на Пранди, Франција израмни на 27:27, а потоа во продолженијата (два пати по пет минути) стигна и до победа и место во финалето.

- Оглас -

Најнови вести