Еј Барди, кажи ни како е да се победи Германија? (Фото)

Појавувањето на Енис Барди на тренингот на Леванте предизвика големо внимание. Во Валенсија со нетрпение го чекаа Барди да им се приклучи и да им раскаже што се случи во Дуисбург и како Македонија ја победи Германија. Тренерот Пако Лопес со насмевка го пречека Барди и му честиташе за триумфот, во кој Барди активно придонесе и со асистенција за првиот гол.

Леванте вечерва игра со Уеска, а тренерот Лопес смета дека вакви грешки во календарот не смее да се повторат бидејќи Барди завчера играше со Германија и практично нема одмор.

„Повредени сме со распоредот. Не е нормално Барди во среда да игра за репрезентација, па потоа да патува и 48 часа после тој меч, повторно да има натпревар. Се надевам дека ова нема да се повтори“, изјави Лопес.

Барди е ставен на пријавната листа, а тренерот треба да процени дали Енис ќе игра вечерва или ќе добие одмор.

- Оглас -

Најнови вести