Ејтон си доби постер од Ленард кој ќе го памети цел живот (видео)

Кавај Ленард со 27 поени беше втор најефикасен играч за Пол Џорџ (33 поени) во победа на Клиперс од 113:103 против Феникс санс. Канџата заедно со втората ѕвезда на Клиперс делуваа незапирливо за Сонцињата, а при тоа на Ленард му припадна потегот на ноќта во НБА лигата со бруталното забивање преку Диандре Ејтон.

Ленард тргна кон кошот и единствена опција му беше да употреби сила за да реализира, па го стори тоа преку 211 сантиметри високиот центар на Сонцињата, кој од Лос Анџелес си замина со постер кој ќе го памети цел живот.

- Оглас -

Најнови вести