Екипа која едвај се спаси да не испадне од српската елита, летово заработи над еден милион евра од трансфери

Екипата на Спартак Суботица минатата сезона заврши на 12-тото место со 44 бода од 37 меча и имаше само три бода повеќе од Нови Пазар, кој мораше да игра плејаут за спас од испаѓање. Во новата сезона Спартак почна добро и во три меча нема пораз (една победа и две ремија).

Освен добриот старт на сезоната, Спартак Суботица ова лето има и одличен финансиски профит. Од продажба на двајца фудбалери, клубот веќе заработи еден милион евра, а на пат се во клупската каса да обезбедат уште 500.000 евра.

Играчот за врска Владан Видаковиќ е нов играч на Марибор за трансфер од 400.000 евра, а Спартак ќе добие плус 20 отсто од следната негова продажба. Можни се и 100.000 евра од бонуси од Марибор.

Во ЦСКА Софија беше продаден и Лазар Туфегџиќ и тој трансфер беше 500.000 евра. Сега следува трансфер на Лука Бијеловиќ, младиот напаѓач кој даде два погодоци во првите три кола од новата сезона. За 21-годишниот голгетер се интересира белгискиот Мехелен и се очекува овој трансфер да донесе плус од половина милион евра во касата на Спартак Суботица.

- Оглас -

Најнови вести