Екипите од хрватското првенство поделија неверојатни 9 милиони евра од ТВ правата!

Десетте екипи од првата хрватска лига поделија неверојатни над 9 милиони евра, односно 9.157.866 евра за ТВ права за сезоната која измина. Средствата се распределени според пласманот на екипите, па секако дека Динамо Загреб доби и најголема сум од сите екипи.

1. Динамо Загреб – 1.231.667 €
2. Хајдук – 1.141.416 €
3. Осијек – 1.051.161 €
4. Ријека – 1.006.038 €
5. Истра – 915.787 €
6. Вараждин – 870.661 €
7. Локомотива Загреб – 825.535 €
8. Славен Белупо – 780.410 €
9. Горица – 690.158 €
10. Шибеник – 645.033 €

Од табелата може да се види дека последнопласираниот Шибеник заработил сума, која во Македонија како вкупен буџет веројатно ја имаат само три екипи во нашето првенство.

За споредба, екипите од Македонското првенство се откажаа од ТВ правата во полза на ФФМ за да не платат котизација од 12.000 евра!

- Оглас -

Најнови вести