Екипите од Лос Анџелес може да победат на незгодните гостувања

8330 Индијана пејсерс – ЛА клиперс (01.30 часот)

На хартија, Клиперс е многу поквалитетен тим од Индијана, но тоа не значи сигурна победа на гостите. Двата тима се во форма, Клиперс има пет победи по ред, додека Пејсерс има четири победи на последните пет средби. Индијана пет дена нема играно дома, на последниот домашен меч тимот даде дури 141 поен. Клиперс во декември 2019 славеше на своето последно гостување во Индијанаполис, а ја прегази Индијана со 129-96 пред неполни два месеци во „Стејплс центарот“.

Предлог тип: 2 (1.71)

 

8384 Шарлот хорнетс – ЛА лејкерс (02.00 часот)

Шампионот, кој е ослабен без двете ѕвезди Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, игра топло-ладно, по убедливата победа над силниот Бруклин, киксира против Њујорк никс. Сега во Шарлот има тежок тест. Хорнетс тука ја гледаат шансата за победа, но и Стршните се некомплетни. Традицијата е на страната на гостите, Шарлот уште од декември 2016 година не славел против Лејкерс. Иако според квотите благ фаворит е домаќинот, Езерџиите се Езерџии, дури и кога ги нема најдобрите играчи.

Предлог тип: 2 (2.02)

 

8387 Јута џез – Оклахома Сити тандер (03.00 часот)

Јута нема да ја испушти приликата со победа да се зацврсти на првото место на Западот. Џезерите имаат мал пад во формата, загубија три од последните пет меча, но Тандер е во многу лоша форма. Громовите имаат шест порази по ред, а сигурно ќе имаат и седми бидејќи треба да се сретнат со еден од најефикасните напади во лигата. Иако разликата во квалитет постои, можеби Тандер ќе избегне тежок пораз.

Предлог тип: Х 2 -16.50 (1.93)

 

8388 Феникс санс – Мајами хит (04.00 часот)

Феникс и Мајами имаат по 4-1 на последните пет меча и може да се очекува голема борба, веројатно и неизвесен дуел. Интересно е што на последните шест меѓусебни пресметки на овие тимови, секогаш победувал тој што бил гостин. Сонцата четири години и три месеци чекаат домашна победа над Жешките. Сепак, сезонава Феникс е многу опасен на свој терен и типуваме на единица. Мајами на последните три гостувања примаше двоцифрен број поени и би направиле подвиг ако успеат да го запрат Феникс на помалку од 100 поени. На 24 март, Феникс победи во Мајами со 110-100.

Предлог тип: 1 (1.66)

 

7207 Портланд трејлблејзерс – Бостон селтикс (04.00 часот)

Ова е дуел на два тима кои во моментов се шести во своите конференции, но Блејзерс има три победи повеќе од Селтикс. Келтите се во добра форма, завчера победија во Денвер и го запреа Нагетс на 87 поени, додека Портланд има пад во ефикасноста. Овие тимови не се сретнале меѓ себе сезонава, одморени се. Ако непредвидливиот Бостон одигра одбрана како против Денвер, ќе победи, но типуваме на Лилард и другарите.

Предлог тип: 1 (1.91)

- Оглас -

Најнови вести