Еклстоун: И со 8, и со 20 трки, Хамилтон пак ќе биде шампион

Поранешниот прв човек на Формула 1, Берни Еклстоун, прогнозира дека во какво било сценарио кое се однесува на бројот на трките во 2020 година, шампионската титула повторно ќе ја освои Луис Хамилтон од Мерцедес.

„Тој секако ќе биде првак, и со 8, и до 16, и со 20 трки. За Хамилтон сеедно е колку трки ќе има годинава, тоа не му прави никаква разлика. Ако има трки, тој ќе ја освои титулата и ќе му се брои, иако таа титула нема да биде толку спектакуларна. Лошо е за спортот што тој би можело да победи на сите осум трки. Не гледам како може на тој што би триумфирал во сезона со осум трки, да му се брои дека станал првак“, смета Еклстоун.

Мислењето на Берни е спротивно од тоа на Нико Розберг, кој верува дека скратена сезона може да му ги зголеми шансите на Макс Ферстапен за титулата, а своја шанса би чекале и пилотите на Ферари.

Засега никој не знае кога и дали би почнала сезоната во Ф1. Има и такви кои заговараат годинава да нема трки, а меѓу нив е и Еклстоун. Минимумот во Формула 1 се осум трки, а засега се откажани или одложени осум од планираните 22. Од 14-те, ако дополнително се откажат половината, дефинитивно во 2020 ќе нема трки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести