Еклстоун ја призна вината и ќе плати казна во висина од 650 милиони фунти

Поранешниот сопственик на Формула 1, Берни Еклстоун, ја призна вината за затајување данок и се согласи да плати парична казна од 652,6 милиони фунти (756 милиони евра) откако во истражната постапка беше утврдено дека не пријавил 400 милиони фунти (463 милиони евра) кои ги имал во фонд во Сингапур.

Во истрагата беше утврдено дека Еклстоун не пријавил дека има пари во фонд во Сингапур и на прашањето на обвинителите одговорил дека „не е ниту основач ниту корисник на услуги на фонд во Обединетото Кралство или надвор од него“. Тој пријавил дека само неговата ќерка имала вложено средства во инвестициски фонд.

Државниот обвинител Ричард Рајт во своето излагање по признанието на Екслтоун рече дека тој свесно дал неточен или погрешен одговор во истражната постапка, но се согласува со казната на судот во висина од 652,6 милиони фунти парична казна за поранешниот сопственик на Формула 1.

- Оглас -

Најнови вести