Екс-играч на Јувентус само го налути Интер

Интер имаше пеколен финиш и со четири гола за рок од 30 минути успеа да направи голем пресврт против Торино и да победи со 4:2.

Гостите поведоа со голот на Симоне Заза, екс-играч на Јувентус во втората минута од судиското продолжение од првото полувреме, а потоа ја дуплираа предноста со погодокот на Ансалди во 62. минута.

И кога се надеваа дека тоа е доволно за изненадување на „Џузепе Меаца“ се разбудија напаѓачите на Интер. Со головите на Алексис Санчес и на Ромелу Лукаку за само 180 секунди од 64. до 67. минута Интер израмни на 2:2.

Се чини дека тука се скрши отпорот на Торино, а Лукаку со уште еден гол, овојпат од пенал и Лаутаро Мартинес успеа да направи голем пресврт и да победи со 4:2.

Рома ја декласира Парма со 3:0, а по Беневенто кој ја победи Фиорентина со 1:0, на гости победи славеа и Болоња со Сампдорија со 2:1 и Саусоло кај Верона со 2:0.

За помалку од еден час ќе се игра мечот меѓу Удинезе и Џенова, а на спротивните страни ќе бидат Илија Несторовски и Горан Пандев, за потоа од 20.45 часот да почне и дербито меѓу Наполи на Елиф Елмас против Милан.

 

- Оглас -

Најнови вести