Екс играч на Реал Мадрид го нарачал атентатот на Дарко Ковачевиќ?

Пред неполни две недели, некогашниот српски репрезентативец Дарко Ковачевиќ беш застрелан во нога, додека се враќал во својот дом во Атина. Ковачевиќ веќе подолго време живее во грчката престолнина и досега немал никакви проблеми.

Нападот се случил додека Ковачевиќ бил во своето возило, кога од друго возило излегол непознат маж и испукал куршуми кон Србинот. За среќа, Ковачевиќ добил само повреда на ногата. Подоцна, полицијата го пронајде запалето возилото на напаѓачот.

Првично, нападот врз Ковачевиќ беше изненадување, а грчките медиуми сега започчнаа да шпекулираат околу евентуалната причина за нападот. Се претпоставува дека зад нападот стои некогашнито играч на Реал Мадрид, Раул Браво.

Некогашиот играч на Кралевите, неодамна беше уапсен во Шпанија како дел од организирана банда која местела натпревари и се заработувале пари од обложувалници. Браво и Ковачевиќ беа соиграчи во Олимпијакос, па се шпекулира дека Србинот знаел детали од нелегалните активности на Браво и почнал да ги открива пред своите пријатели.

Откако Браво и неговите пријатели дознале дека Ковачевиќ открива детали за кои не смее да зборува во јавноста, решиле да му дадат предупредување и да престане да збори за работи за кои не смеел да говори.

 

- Оглас -

Најнови вести