Експилотите поддржуваат женска Формула 1

Поранешните пилоти на Формула 1, Дејвид Култхард и Тимо Глок, ја поддржуваат идејата за формирање во иднина на шампионат на Ф1 во женска конкуренција.

„Мислам дека треба да има Формула 1 за жени. Како што во тенисот, фудбалот и во многу други спортови има натпревари во женска конкуренција, може да има и во Ф1. Идејата е добра“, смета Шкотланѓанецот Култхард.

И поранешниот клупски колега на Култхард, Глок, смета дека и во тркачките мотоспортови, меѓу кои е и Формула 1, треба да има првенство за жени.

„Според мене, единственото прашање е дали треба да има паралелна Формула 1 за жени или тркачки натпревари како германскиот Туринг кар шампионат за жени. Дали ќе биде како во фудбалот, каде што има машки и женски фудбал, не знам дали има доволно жени кои сакаат да се осмелат да се тркаат во Формула 1“, вели Глок.

Лела Ломбарди во далечната 1976 година беше последната жена која настапи на официјална трка во Ф1.

- Оглас -

Најнови вести