Екс селекторот на Англија кој остана „здрвен“ по голот на Шаќири од корнер, заминува во пензија

Прославенот шведски фудбалски тренер Свен-Јоран Ериксон реши дека е време да оди во пензија и тоа на 75 години. Последните година дена, Ериксон беше спортски директор во третолигашот Карлстад, но реши дека е време да прекине со активната работа и тоа поради здравствени проблеми, но не откри какви.

„Одлучив дека е време да прекинам со фудбалските активности поради здравствени проблеми, кои ми беа констатирани по последните лекарски прегледи. Фокусиран сум на своето здравје и на семејството, па мојата работа во Карлстад завршува тука. Благодарам на сите за поддршката и на почитувањето на мојата приватност“, беше пораката од Ериксон.

Тренерската кариера на ериксон траеше повеќе од 40 години. Започна во далечната 1977 година во тимот на Дегефорд, а потоа работеше во ИФК Гетеборг, Бенфика, Рома, Фиорентина, Сампдорија, Лацио, за да во 2001 година седне на селекторското место во англиската репрезентација.

На чело на Гордиот Албион беше до 2006 година, а тој беше селекторот кој во живо го виде легендарниот гол на Артим Шаќири постигнат директно од кирнер на мечот во Саутхемптон кога Македонија одигра 2:2 против Англија. Веднаш по голот на Шаќири, камерата го „улови“ Ериксон како е „здрвен“ и едноставно не може да верува дека неговата селекција прими таков гол.

Ериксон потоа беше тренер во Манчестер сити, па селектор на Мексико и на Брегот на Слоновата Коска, а во 2010 година беше на клупата на Лестер. Потоа работеше во помалку познати клубови.

- Оглас -

Најнови вести