Екс центарот на Куманово и МЗТ со „рампа“ до Јелена Карлеуша

Кошаркарот на Морнар, српскиот центар Урош Луковиќ, кој е добро познат и кај нас поради неговите настапи за Куманово, МЗТ Скопје Аеродром, на кратко и за Кожув, не се согласува со жалењето на пејачите дека се најзагрозени за време на коронавирусот.

Пејачката Јелена Карлеуша објави дека ако спортистите може да си ја вршат работата и да го забавуваат народот, зошто пејачите и музичарите да не може да настапуваат.

На ова, 216-сантиметри високиот Луковиќ имаше свој коментар: „Никој не ти брани да пееш во празен клуб, сала или стадион“.

- Оглас -

Најнови вести