Екс ѕвездата на Борусија Дортмунд и Манчестер јунајтед заврши во шпанската втора лига

Некогашниот играч на Борусија Дортмунд и Манчестер јунајтед, Шинџи Кагава, ќе ја продолжи кариерата во шпанската втора лига. Јапонецот кој има 30 години се договори со екипата на Сарагоса, со која потпиша двегодишен договор. Кагава во Сарагоса доаѓа како слободен играч, откако му истече договорот со Борусија Дортмунд, а Милионерите не сакаа да му ја продолжат соработката.

Минатата сезона, Кагава играше како позајмен играч во Бешикташ, но многумина сметаат дека е далеку од најдобрата форма. Кагава од 2010 до 2012 година играше во Борусија Дортмунд, а потоа замина на „Олд Трафорд“, каде две сезони играше за најтрофејниот клуб во Англија. Во 2014 година повторно се врати во Борусија и пет сезони повторно играше за Милионерите, а сега замина во тим од втората лига, кој минатата сезона едвај се спаси од испаѓање и заврши на 15-тото место во Сегунда дивисион.

- Оглас -

Најнови вести