Вчерашните мечеви од кошаркарската Евролига најмногу израдуваа еден обложувач кој уплатил тикет во Sport Life во Кочани. На тикетот има 13 пара, уплатено е со Sport Life картичка, што носи дополнителен бенефит.
Обложувачот кој се покажал како експерт за Евролигата успеал да ги погоди сите 13 пара, и тоа на играта „плус-минус“. Одиграни се осуммина кошаркари на кои е погодена границата за бројот на постигнати поени, додека пет пара се за бројот на асистенции на кошаркарите кои се одбрани и сите се погодени.
Вкупниот погоден коефициент е 2.999,53, па со вложените 40 денари нето-добивката е 101.990 денари. Овој тикет може да му донесе дополнителни 120.000 денари затоа што е дел од акциската игра Среќна 13-ка. Со погодениот коефициент од речиси 3.000, овој тикет моментално е на првото место за ноември и е на добар пат обложувачот да ја освои и премијата од 120.000 денари.