Експерт за Лигата на Европа – погоди коефициент 373 (Фото)

Еден обложувач во Sport Life вечерва имаше многу причини за задоволство по завршување на сите средби во Лигата на Европа. Тој решил да уплати девет меча од второто по ранг натпреварување на УЕФА, а погоди осум. Единствениот кикс му е „двојката“ на Манчестер јунајтед, но и тоа не му е утка затоа што играл 2-ка, но без да се земе предвид ако заврши нерешено, што значи дека коефициентот за тој дуел се смета како 1.

Од останатите мечеви, одиграно е Клуж – Севилја Гол-Гол (дуелот заврши 1:1), а иста шема за двете екипи да дадат барем по еден гол било и за средбите Копенхаген – Селтик (1:1), АЗ Алкмар – Линц (1:1) и Шахтер – Бенфика (2:1). Глазгов ренџерс – Брага (3:2) и Баер Леверкузен – Порто (2:1) ги одиграл 3+, а храбро ги погодил „кецовите“ на Ајнтрахт – Салцбург (4:1) и Хетафе – Ајакс (2:0).

Вкупно за 20 вложени денари, погодениот коефициент му е 373. Доколку Манчестер јунајтед успееше да победи, погодениот коефициент ќе беше 619, но и вака одлични се коефициентот и добивката.

- Оглас -

Најнови вести